„Јадран филм“: Агенцијата за филм ѝ дала лажни податоци на финансиската полиција

0

Во врска со пријавата од Управата за финансиска полиција, „Јадран филм“ во соопштение до јавноста наведува дека Агенцијата за филм ѝ дала погрешни и лажни податоци на Управата за финансиска полиција.

„Агенцијата не го пресметала вкупниот износ за продукцијата на серијата, туку износот од 80 отсто од средствата намален за средствата што се одземени од сметката на ‘Јадран филм’ врз основа на незаконита одлука на в.д. директорот, па таа ваквите фалшливи податоци ѝ ги дала на Финансиската полиција и со проста математика пресметала дека тоа е 65 отсто од средствата потрошени надвор од Македонија, што е сосема погрешна манипулација од страна на Агенцијата спротивно на ревизискиот извештај и оваа злоупотреба на факти се гледа на прв поглед“, се наведува во соопштението.

Оттаму додаваат дека ревизијата потврдува наменско трошење и оти за секој денар постои договор и не постои ниту еден единствен начин на ненаменско трошење на средствата.

„Службената ревизија јасно потврдува дека сите средства се трошени наменски и се потрошени за продукција на серијата. Со измами се служи само и единствено Горјан Тозија“, наведуваат во соопштението.

Појаснуваат дека презентирањето потполно лажни бројки поврзани со трошок на средства за снимање во странство – во согласност со договорот и законот – дозволено е да се потрошат 35 отсто од средствата во странство, и тоа во потполност е почитувано, кое, како што стои во соопштението, го потврдува и ревизорскиот извештај.

Според нив, се работи за намерен фалсификат, а не за заблуда или незнаење.

„Кампањата спроведена од страна на уценувачот Горјан Тозија во соработка со група новинари со лажни тези и обид за притисок врз официјалните тела на РМ ги преминува сите граници гледано во светски рамки и резултира со понесување кривична пријава од страна на Управата за финансиска полиција“, наведуваат од „Јадран филм“.

„Јадран филм“, како што се посочува, на 25.9.2017 година понуди двојна финансиска гаранција за секој потрошен денар за серијата (лични средства на сопственикот на „Јадран филм“ и средства на компанијата), која ја достави до Агенцијата за филм, со што оваа пријава станува беспредметна и груба игра на Горјан Тозија што служи само да ја замајува јавноста и да се обиде да го скрие својот рекетарски однос кон „Јадран филм“.

Од „Јадран филм“ наведуваат дека, освен досега видените делови од серијата, јасната вистина дека ја работат ТВ-серијата „Македонија“ може да ја потврдат стотици соработници на неа.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb