5 добри причини зошто дочекот на Нова Година треба да ви биде најлудата вечер во годината

0

Новогодишната вечер многу често има лоша репутација, па колку и да чекаме да заврши старата и да започне новата година, 31 декември е карактеризиран како “обичен ден”. Но, зошто да не се потрудите тоа да ви биде најлудиот ден во годината, бидејќи ако размислете подобро, сите знаеме да си дозволиме малку повеќе од дозволеното: шампањско, забава која трае до раните утрински часови и лудо расположение.

За повторно да го засакате славењето на Новата Година, ние во прилог ќе ви дадеме 5 добри причини зошто 31 декември е всушност одличен ден и луда вечер.

Можете да носите “откачена” облека

Светки, бисери, шарени комбинации, луди фризури…апсолутно сè ви е дозволено и никој нема да ве гледа чудно доколку ставите круна на главата или очила за сонце среде полноќ. Поради тоа уживајте и одберете ја најлудата комбинација која ја чувате во гардероберот и гордо покажете ја.

Совршено време за нов почеток

Лошата година конечно ја оставаме зад нас. Дали има подобра причина за да му се израдувате на 31 декември? Тоа е последниот ден кој ве дели од новиот и подобриот почеток. Разбијте ги стереотипите и навистина направете нешто убаво, ново и подобро за себè во Новата Година.

Сакале или не, морате да признаете дека овој ден е секогаш возбудлив

Дали ќе го сакате дочекот на Новата Година или не, тоа е ваше право, но она што мора да признаете е дека овој ден секогаш е возбудлив, посебно во моментот кога сите чекаме стрелките на часовникот да чукнат на полноќ. Едноставно се разликува од другите вечери, бидејќи во тие денови немате оправдание зошто сте направиле нешто лудо или сте му пришле некому да го бакнете во 00:00 часот.

Имате оправдание зошто сте пиеле

Не велиме дека треба да им се правдате на луѓето зошто и колку сте испиле, но на овој ден никој нема да ви замери. Она што ќе биде уште подобро е утринскиот мамурлук, бидејќи и самите ќе знаете дека сте ја испратиле старата година со најдобро расположение!

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb