Ќе се гради првата приватна ветерница Богословец

0

На 46-тата седница, Владата беше информирана за поднесните иницијативи за започнување на постапка за доделување на концесии за детални геолошки истражувања на минерални суровини во општините Неготино, Студеничани, Штип и Сарај, како и општините Прилеп и Долнени.

Владата денеска на седница ја разгледа и ја усвои Информацијата во врска со поднесеното барање на ТХОР ИМПЕКС ДООЕЛ, Скопје за издавање на овластување за изградба на Ветерна електрана Богословец и донесе одлука за одобрување за изградба на оваа ветерна електрана, како прва од ваков тип во приватна сопственост.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb