Ова се двете најголеми иновации кои што можеме да ги очекуваме кај паметните телефони идната година

0

Според аналитичарите, веќе идната година можеме да очекуваме имплементирање на две големи иновации кога станува збор за паметните телефони.

Паметните телефони секоја година стануваат се подобри – екраните се поквалитетни и поголеми, процесорите стануваат се помоќни, паралелно со тоа напредува и графиката, а често се применуваат и некои нови иновации и решенија.

Веќе следната година можеме да очекуваме неколку иновации кога станува збор за паметните телефони кои што дополнително ќе го подобрат користењето на паметните телефони, а две иновации посебно се истакнуваат од сите.

Една од двете најголеми иновации кои би требало да пристигнат веќе идната година е имплементирањето на сензорот за отпечатоци на прсти во самиот екран од паметниот телефон. Дизајнот на телефоните се менува, се повеќе се користат „бесконечните“ екрани, односно екраните од раб до раб, па поради тоа беше исфрлено “Home” физичкото копче кај неколку премиум модели.

Од компанијата Synaptics неодамна објавија дека успеале да развијат сензор кој може да се постави под екранот, а официјалното претставување на овој сензор е најавено на Саемот за потрошувачка електроника “CES”. Се шпекулира дека компаниите Vivo и OnePlus ќе бидат првите кои ќе го имплементираат овој сензор кај своите телефони, а тоа исто така се очекува и од Samsung.

Втора најголема иновација која можеме да ја очекуваме идната година е уште повозбудлива – станува збор за флексибилните екрани. Гласини за оваа технологија кружат веќе со години, а според последните информации, првиот телефон чиј што екран ќе може да се преклопи ќе биде претставен идната година.

Една од првите компании која што би можела кон крајот на идната година да го претстави првиот телефон со флексибилен екран е Samsung – јужнокорејската компанија веќе неколку години работи на развојот на таквите екрани. Сепак, иако многумина се скептични дека Samsung ќе го претстави таквиот телефон идната година, сите стискаме палци флексибилниот екран да стане реалност што е можно поскоро.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb