Нокиа 9 пристигнува со 5,5-инчен екран и водоотпорност…

0

Одредени спецификации од новата Нокиа 9 се објавени во документи на агенцијата “FCC” кои што протекоа во јавноста.

Според достапните информации, финската компанија за паметни телефони се чини дека има дизајнирано прекрасен и прилично моќен телефон.

Нокиа 9 ќе пристигне со ОЛЕД екран со резолуција од 5,5 инчи кој е произведен од LG, а за разлика од него, Нокиа 8 користеше IPS LCD дисплеј. Нокиа 9 „под хаубата“ ќе има Snapdragon 835 процесор и батерија со капацитет од 3,250 mAh.

Новиот адут на финската компанија ќе има две задни камери, една од 12 мегапиксели и друга од 13 мегапиксели. Предната камера ќе има 5 мегапиксели. Засега не е познато колку RAM меморија ќе има телефонот, а кога е во прашање интерната меморија, Нокиа 9 ќе биде достапен во две верзии, од 64 и 128 GB.

Нокиа 9 не би требала да има влез за аудио од 3,5 мм, а исто така ќе поседува IP67 сертификат за отпорност на прашина и водоотпорност на длабочина од еден метар.

Информациите за цената и тоа кога телефонот ќе се појави на пазарот засега не се достапни. Постојат гласини дека компанијата HMD Global во чија што сопственост е Нокиа, да го претстави новиот Нокиа 9 на евентот кој ќе се одржи на 19-ти јануари идната година во Кина.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb