Само што научи да игра шах, а веќе победува со потези кои досега не се видени

0

Компјутерскиот програм наречен AlphaZero е пример за тоа колку брзо се развиваат роботите и вештачката интелигенција (AI).

AlphaZero минатата недела стана најдобриот шахист во светот, победувајќи друг компјутер во маратон од 100 партии.

Меѓутоа, она што делува застрашувачки е фактот што програмот AlphaZero самостојно научил да игра шах за само четири часа. Сè што му било дадено биле правилата на играта и инструкции да учи така што треба да се победува самиот себеси, пренесува Daily Mail.

Софтверот не само што научил да игра, туку развил и потполно иновативни тактики и потези кои не биле забележани во повеќе од 1.500 години, колку што постои шаховската игра.

Англискиот шахист Сајмон Вилијамс во шега изјавил дека на 6-ти декември AlphaZero загосподарил со светот на шахот, а подоцна ги поробил луѓето и ги претворил во свои миленици.

Инаку, AlphaZero е програм на компанијата DeepMind која Google ја има купено во 2014 година за 400 милиони фунти. Станува збор за алгоритам кој учи по принципот на машинско учење. Колку повеќе информации има, толку е попаметен и го надоградува својот ум со ново знаење. Но, брзината со која станува попаметен е далеку над сè од она што е можно кај луѓето.

Неговите способности нема да бидат важни само за играње шах, туку и за спасување на животите на луѓето. AlphaZero се користи во болници каде ги анализира наодите на пациентите со тумори во вратот и мозокот, а на ист начин оваа вештачка интелигенција ќе станува сè подобра и побрза во анализирање на наодите и подобро детектирање од луѓето.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb