Мислеле дека на небото се појавиле вонземјани: SpaceX ги збуни Американците со ракетата Falcon 9

0

Ракетата Falcon 9 на американската вселенска компанија SpaceX оставила блескава трага на небото при лансирањето на девет сателити во орбитата од седиштето на компанијата во Калифорнија.

Falcon 9 ракетата полетала од крајбрежната воздушна база Ванденберг носејќи ја најновата серија на сателити за компанијата Iridium Communications. Иако не биле забележани никакви проблеми, недолго после лансирањето, ракетата на небото оставила блескава трага по што многу граѓани се исплашиле.

Жителите од овој регион во американската сојузна држава Калифорнија ги повикале новинарските екипи и биле забележани бројни повици до безбедносните служби.

„Многумина се прашуваа дали станува збор за снимање на некој филм или пак тоа се вонземјани. Беше многу забавно“, раскажува еден жител на Калифорнија.

Од пожарникарската служба на Калифорнија морале да издадат соопштение до јавноста во кое што било појаснето дека мистериозната светлина на небото е предизвикана од лансирање на ракета.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb