Од стомакот на пензионерка од Русија отстранети 150 метални предмети!

0

Од желудникот на пензионерка од Русија извадени се преку 150 штрафови. Жената има 74 години и во болницата била доведена поради кардио-васкуларни проблеми, но дополнителното испитување откри бизарни тајни. Во центарот за кардио-васкуларниот болести “Николај Семашко”, пристигнала на почетокот на декември, се наведува на сајтот на оваа медицинска установа.

На пациентката ѝ била овозможена целосна нега и помош и нејзината состојба после лекувањето била стабилна, но причините за зголемената температура останале непознати. Во тој момент ѝ била направена гастроскопија, за да се провери дали станува збор за анемија.

Докторката Ирина Голишева, која ја следела целата процедура, утврдила дека грлото и хранопроводникот ѝ биле во одлична состојба, но потоа ендоскопот открил неочекувана содржина во желудникот: во него се наоѓала огромна количина на непознати предмети.

Рендгенското испитување на абдоменот покажало дека предметите можат да го оштетат ѕидот на желудникот и поради тоа хирурзите препорачале итна операција под тотална анестезија.

Меѓу отстранетите предмети имало долги обетки, штрафови, прачки, делови од арматура долги 15 сантиметри, па дури и сребрен синџир. Отстранети биле 152 метални предмети кои веќе почнале да оксидираат, а никој освен самата жена не може да каже колку долги овие предмети се наоѓале во нејзиниот стомак. После операцијата, пациентката била во стабилна состојба.

Пациентката не може да објасни како се нашле во нејзиниот стомак, бидејќи после мозочниот удар делумно ја изгубила можноста да зборува. Според зборовите на членовите на нејзиното семесјтво, велат дека не забележале ншито, но рекле дека страдала од психичко пореметување.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb