Земјотрес почувствуван во Скопје со јачина од 2,6 степени

0

Вечерва во Скопје се почувствува земјотрес со јачина од 2,6 степени според Рихтер.

Во 19 часот и 34 минути вечерва во Скопје почувствуван е земјотрес со јачина од 2,6 степени според информациите од Европско медитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот е на 12 километри југоисточно од Скопје, односно на четири километри северно од Студеничани и три километри јужно од Идризово. Земјотресот бил на длабочина од 5 километри.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb