Сензационално откритие на научниците: Кеопсовата пирамида не е најголема на светот, Мексиканците имаат четири пати поголема гробница

0

Најголемата пирамида на светот не е Кеопсовата, туку тоа е Големата пирамида Чолула во местото Пуебла, во централно Мексико.

Базата на овој древен храм на Ацтеките, како што се наведува, е дури четири пати поголема од таа на пирамидата во Гиза.

Не е познато кој го изградил овој таинствен објект, чија старост се проценува на околу 2.300 години, но сигурно е дека материјалот од кој е изграден помогнал пирамидата да остане сокриена, барем нејзината големина.

Хернан Кортес, кој во 1519-тата година извршил инвазија на древниот град Чолула, таа пирамида не ја ни забележал, а локалното население тој објект го откриле дури во 1910-тата година, иако е долг 450 метри, колку девет олимписки базени.

Се до почетокот на 20-тиот век, оваа најголема пирамида на светот, била сокриена под густата вегетација. Денес пирамидата е позната под името “Планина која ја направил човекот”.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb