Самсунг го претстави новиот Galaxy A8 со две предни камери и голем екран

0

Јужнокорејската компанија го претстави новиот член од „А“ семејството – станува збор за Galaxy A8 за 2018-та година.

Galaxy A8 има двојна предна камера, голем „бесконечен“ екран и прекрасен ергономски дизајн кој се потпира на новиот принцип на дизајн на Самсунг кој се имплементира само кај премиум моделите.

„Со претставувањето на Galaxy A8, ги додадовме омилените карактеристики од нашите водечки телефони на Galaxy A серијата која што веќе е позната по својот врвен дизајн. Меѓу нив го издвојуваме „бесконечниот“ екран, но и новата предна двојна камера со Live Focus опција. Galaxy A8 е доказ за нашата непрекината посветеност во исполнувањето на потребите на нашите корисници, овозможувајќи им уште поголем избор и практичност“, изјави Џуно Парк од Самсунг.

Екранот е AMOLED со големина од 5,6-инчи и резолуција од 1080х2220 пиксели, телефонот може да се пофали со 4 GB RAM и 32 или 64 GB интерна меморија која што може да се прошири до 256 GB со microSD мемориска картичка.

За справување со светлите фотографии, Galaxy A8 доаѓа со задна камера со 16 мегапиксели и F 1.7, додека пак предните камери се со резолуција од 16, односно 8 мегапиксели со F 1.9. Од останатите карактеристики се издвојува и опцијата Always On Display, Samsung Pay 3, MST, NFC и секако скенер за отпечатоци на прсти.

Galaxy A8 располага и со IP68 сертификат за отпорност на вода и прашина, а располага со батерија од 3000 mAh. Продажбата започнува на 19-ти јануари 2018-та година и се очекува да се продава по цена од околу 30 илјади денари.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb