Американската армија на боиштето ќе користи 3Д принтери за принтање на дронови

0

Покрај пешадијата, лесното и тешкото вооружување, тенковите, топовите, авионите и што ли уште не, американската армија во иднина на фронтот ќе испраќа и принтери.

Американската армија стартуваше посебна програма за изработка на беспилотни летала кои што ќе можат да се произведуваат директно на боиштето и ќе можат да се прилагодат на условите кои што владеат таму.

Ако на војниците им биде потребен дрон за извидничка мисија, тие преку посебна апликација на таблет ќе состават дрон со мали димензии на кој ќе може да се постави камера и со кликање на “Print”, деловите за дронот ќе бидат „испринтани“ за само неколку часа, по што војниците ќе треба само да ги спојат деловите и дронот ќе може да полета.

Доколку војниците имаат потреба од воздушна поддршка во моментите кога тоа нема да може да им го овозможи военото воздухопловство, со помош на 3Д принтерот ќе можат да испринтаат дрон кој ќе има поголеми димензии и ќе може да биде вооружен за напад.

Научниците кои што учествуваат во овој проект веќе успешно тестирале прототип на 3Д испринтан дрон и продолжуваат со развојот и проширувањето на оваа програма. Покрај деловите за секој дрон кои ќе бидат достапни во каталог, војниците во иднина и самите ќе можат да конструираат делови, во зависност од нивните потреби.

Сепак, 3Д принтаните дронови и натаму се тестираат, па ќе помине подолг период пред тие да бидат употребувани на боиштето. Џоли Фркетич, научничка која што работи на оваа програма, како главни приоритети во развојот ги наведе подобрувањето на брзината на принтањето и цврстината на испринтаните делови, а тоа порача дека ќе биде подобрено во иднина.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb