Изгубила повеќе од 45 килограми, а никогаш не држела диета: Оваа девојка открива пет совети за успешно слабеење

0

Џесика Герлог изгубила повеќе од 45 килограми без да се придржува кон строги диети и режими.

“Луѓето постојано ме прашуваат како изгубив 45 килограми, што јадам, кои вежби ги практикувам, но да бидам искрена јас никогаш не сум држела диета. Што се однесува до исхраната, единствено воведов контролирање на порциите и внимавав да внесувам само здрави намирници. Најголемиот проблем беше како да го променам моето размислување”, изјавила таа.

Еве кон што треба да се придржувате доколку сакате да ги изгубите вишокот килограми:

Заборавете на диетите

“Го мразам зборот диета. Не се дистанцирајте од храната, туку јадете правилно. Јас научив да готвам здрава домашна храна и престанав да јадам по ресторани. Кога готвите сами, тогаш сфаќате кои состојки ги внесувате во организам. Исто така го воведов правилото да јадам до 20 часот”, вели Џесика.

Користете тегови

“Кога влегов во теретана, немав поим како се користат справите освен лентата за трчање. За таа цел најмив персонален тренер кој ме научи на важноста на тренингот со тегови. Научив дека со градењето на мускули ги согорувам мастите”.

https://www.instagram.com/p/BZjXfBFBzQh/

Консумирајте јаболка

“Јаболката се најдобриот трик за губење на килограмите. Тие ја задоволуваат желбата за слатки и го намалуваат чувството на глад. Можете да намачкате путер од кикирики на неколку парчиња јаболко и со тоа да добиете одличен оброк по тренингот”.

Бидете позитивни и не се откажувајте

“Никој на светот не е совршен. Морате да знаете како да станете по падот. Доколку некогаш изгубите мотивација, потсетете се на желбата да ослабете. Важно е да не се откажувате и да продолжите да се придржувате кон првобитните правила”, изјавила Џесика.

Обезбедете си квалитетен сон

“Секако, само спиењето нема да ви помогне да ги изгубите килограмите и калориите, но комбинацијата од вежбање, здрав начин на живот и квалитетен сон е повеќе од доволно. Премалото количество на сон може да го забави метаболизмот и да го зголеми апетитот”.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb