Најпопуларна апликација за iPhone не е ниту Instagram, ниту Snapchat, туку Coinbase

0

Речиси 700 илјади корисници ја имаат превземено апликацијата Coinbase за само една седмица – повеќе од Instagram и Snapchat заедно.

Лудилото кое што во изминатите неколку месеци владее околу криптовалутите достигна ново ниво. Толку многу луѓе се заинтересирани за купување и продажба на биткоини и други виртуелни валути, така што тоа започна да се одразува и на податоците за симнуваните апликации за паметни телефони.

Една од најпопуларните апликации преку која е можно да се тргува со виртуелни валути е Coinbase. Во еден момент оваа апликација се најде на самиот врв на најсимнуваните апликации на App Store виртуелната продавница на Apple.

Речиси 700 илјади корисници ја симнале оваа апликација, а интересно е тоа што оваа бројка е поголема од популарните социјални мрежи Instagram и Snapchat. Coinbase била повеќе симнувана од двете апликациите на двете социјални мрежи – заедно.

Иако во меѓувреме падна од првото место на најпопуларни и најсимнувани апликации на App Store, сепак Coinbase се наоѓа меѓу најпревземаните апликации што значи дека е доволен само еден скок на цената на виртуелните валути за Coinbase да се врати назад на врвот.

Покрај тоа, забележан е раст на симнувањата и на остантите апликации поврзани со криптовалутите – пред се апликациите за следење на цените на криптовалутите и виртуелните паричници.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb