Сателитски снимки откриваат таен проект: Еве што гради забрзано Кина на вештачките острови

0

Сателитските снимки кои неодамна ги направила “AMTI” откриле дека Кина “тивко” направила цела мрежа трајни воени инфраструктури на спорните вештачки острови во Јужното кинеско море.

Новата мрежа воздушни бази, радарски кули и противракетни системи, се наоѓа на 28 хектари на островот Спартли и Парцелските острови, околу кои Кина е во спор со неколку азиски држави, открива американската иницијатива за транспарентност на азиското поморство – AMTI.

Со истата цел, во споменатиот регион, Кина претходниот период направила неколку нови вештачки острови, како оние на гребенот Мичиф, Атолите Суби и Фајери Крос, а сега влегла во завршна фаза на изградба на проектот за конструкција на инфраструктури неопходни за целосно функционални воздушни и поморски бази, се наведува во извештајот на AMTI.

На гребенот Фајери Крос, најмногу се градело во 2017. година. Снимките од воздух покажуваат дека се изградени големи хангари на аеродромските писти, огромни радарски и комуникациски кули, скривници од проектили, како и огромни подземни структури за кои “AMTI” претпоставува дека ќе бидат складишта за оружје и други материјали.

Реагирајќи на овие извештаи, шефот на кинеската дипломатија, Лу Канг, рекол дека се надева дека земјите кои не се од тој регион, ќе се воздржат од подгревање на тензиите и ќе ги почитуваат напорите на регионалните земји.

“Сосема е нормално Кина мирно да гради и да применува неопходна опрема за одбрана на својата територија, која е дел од кинескиот суверенитет”, рекол Лу.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb