Страшна кутија ја открива судбината на исчезнатите браќа: Ги бараат 7 години, а еве зошто мајка им се моли да не се најдени

0

Кутијата полна со човечки остатоци, која била пронајдена во една шупа во Монтана, повторо го отворила случајот за трите исчезнати момчиња, браќата Скелтон.

Танер, Александар и Ендру, на возраст од 5, 7 и 9 години, исчезнале пред 7 години за време на престојот кај нивниот татко поради прославата на Денот на независноста во 2010-тата година.

Забите и коските, пронајдени во шупата во кутија, им припаѓале на деца, како што е утврдено, на возраст од 2-4, 5-8 и 6-10 години, но уште нема потврда дека станува збор за исчезнатите браќа Скелтон.

По повод оваа вест се огласила и мајката на исчезнатите деца, со надеж дека нејзините сè уште се живи.

Таткото на исчезнатите деца, Џон Скелтон, кој служи казна затвор од 10 до 15 години, најпрво тврдел дека нема врска со исчезнувањето на синовите. Кога мајката решила да го пријави исчезнувањето на децата, бидејќи татко им не ги вратил дома, Џон првобитната приказна “дека се некаде со пријателите” ја променил со приказната дека ги дал на една “подземна” организација за да ги заштити од нивната мајка.

Во еден момент дури и рекол дека ги дал на група Амиши, но децата никогаш не биле пронајдени, пишува Daily Mail.

Иако шефот на полицијата тогаш бил убеден дека таткото ги убил децата, тоа не е докажано, па Џон лежи во затвор поради родителско киднапирање на деца.

Дополнителните детали од форензичката анализа ќе покажат дали станува збор за браќата Скелтон, а полицијата најавила дека ја идентификувала личноста која треба да ја испраша во врска со овој случај. Кутијата со коски ја пронашле чистачи откако претходниот станар бил исфрлен од куќата во чија шупа се наоѓала кутијата.

Меѓутоа, како што наведуваат експертите, во Америка има многу нерешени случаи со исчезнати деца, и не е утврдено како кутијата се нашла токму во таа шупа и од каде биле донесени коските.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb