За слабеење, здравје и убавина: Седум причини зошто треба да почнете да консумирате чиа семе

0

Чиа семињата со векови биле вклучени во исхраната на Маите и Ацтеките. Денес тие се популарни поради своите предности во чувањето на оптималното здравје и бројните можности за користење во кујната.

Семето од чиа е богат извор на хранливи материи и антиоксиданси, а еве неколку причини зошто тоа треба да биде дел од вашата секојдневна исхрана.

Изобилство од омега-3

Чиа семињата се богати со полинезаситени масти, особено со омега-3 масни киселини. Во нивниот состав се наоѓаат дури 60 отсто омега-3, што ги прави едни од најбогатите извори на овие масни киселини, посебно на алфа-линолеинската киселина. Омега-3 помага во намалување на воспаленијата, ги зголемува когнитивните функции на организмот и го намалува високиот холестерол.

Одлична замена за јајцата

Во допир со течност, надворешната обвивка на чиа семето се претвора во гел. Токму поради тоа тие можат да се користат и како замена за јајцата бидејќи ја зголемуваат нутритивната вредност на храната, посебно при печењето. Со цел да добиете замена за јајца, измешајте една лажичка чиа семе со три лажички вода и оставете да отстои 15 минути.

Го регулираат шеќерот во крвта

Чиа семињата играат важна улога во регулирање на нивото на инсулин во организмот и можат да го намалат абнормалното високо ниво во крвта.

Одличен извор на влакна

Чиа семето е одличен извор на влакна – во само две супени лажици чиа семе има 10 грама, а тоа е третина од препорачаниот дневен внес.

Богати со антиоксиданси

Чиа семињата се богати со антиоксиданси кои го штитат организмот од слободните радикали, стареењето и канцерот. Високото ниво на антиоксиданси во нив исто така влијае и врз нивниот долг век на траење, па затоа можете да ги консумирате во рок од две години.

Изобилуваат со минерали

Две супени лажици чиа семиња содржат 18 отсто од препорачаниот дневен внес на калциум, 35 отсто фосфор, 24 отсто магнезиум и околу 50 проценти манган. Сите овие минерали влијаат на превенција од хипертензија и ја одржуваат нормалната телесна тежина.

Го намалуваат нивото на триглицериди во крвта

Неодамнешното истражување кое е објавено во Британското списание за исхрана покажува дека чиа семињата, како извор на здрави масти во исхраната, го намалуваат бројот на триглицериди и нивото на холестерол во крвта, а го зголемуваат т.н. “добар холестерол”.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb