Galaxy S9 ќе биде претставен во февруари, а продажбата започнува во март

0

Самсунг својот најнов адут Galaxy S9 планира да го претстави веќе во февруари, а телефоните би требало да се најдат во продажните салони во март, пренесува „Блумберг“.

Доколку информациите кои што ги пренесува „Блумберг“ се покажат како точни, тоа ќе биде најрано претставување на телефоните на Самсунг од серијата Galaxy, затоа што досегашна вообичаена пракса беше истите да бидат претставувани во март, а пуштени во продажба во април.

Претходно беше соопштено дека новите Galaxy S9 и Galaxy S9 Plus ќе бидат со далеку подобри перформанси во однос на постоечките Galaxy S8 и Galaxy S8 Plus. Од Самсунг повеќе ќе се посветат кон подобрување на перформансите, отколку менување на изгледот на самиот телефон.

Новите „флегшип“ паметни телефони на јужнокорејската компанија најверојатно ќе бидат опремени со новиот Snapdragon 845 процесор на Qualcomm кој ќе биде најмоќен досега, а се шпекулира дека ќе биде променета позицијата на сензорот за отпечатоци на прсти кој ќе биде поставен под камерата.

Тоа значи дека од Самсунг ќе им излезат во пресрет на корисниците кои што негодуваа на тоа што кај Galaxy S8 и Galaxy S8 Plus сензорот за отпечатоци на прсти беше поставен веднаш до камерата и често прстот по грешка беше поставуван на самата камера, а не на сензорот.

Покрај тоа, двата нови уреди на Сасмунг би требало да добијат AKG стерео звучници, а исто така ќе биде задржан и 3,5 мм влезот за слушалки.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb