Google Maps ќе ги известува корисниците кога треба да се симнат од автобус или трамвај

0

После опцијата која ги потсетува корисниците каде го паркирале автомобилот или онаа кој што ги советува кога да тргнат на пат, Google Maps претстави уште една корисна опција.

Според многумина, најновата опција на Google Maps е идеална за патниците кои што сакаат да спијат додека патуваат или пак не го познаваат доволно градот, па така апликацијата ќе им испраќа известување кога треба да се симнат од автобусот или трамвајот.

Новата опција на Google Maps се очекува значително да го олесни патувањето на корисниците на јавен превоз кои што лесно заспиваат или пак често знаат да се „занесат на интернет“ и да ја промашат станицата.

Целиот фокус, се разбира е ставен на Андроид оперативниот систем, но нотификации ќе можат да се добијат и на Google Maps верзијата на оперативниот систем iOS на Apple.

Да потсетиме, Google Maps минатото лето воведе опција која што ги води корисниците низ улиците, им помага во избегнувањето на сообраќајниот метеж и ги советува кога е најдобро да тргнат на пат.

Нешто претходно Google Maps на корисниците им ја претстави и опцијата која што им ја нуди можноста да го пронајдат паркираниот автомобил, како и на лицата со потребни, опција која им помага да најдат попристапно паркинг место кога се во прашање објекти како хотели и ресторани.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb