Самсунг претстави три нови лаптопи со најдобри батерии досега

0

Јужнокорејската компанија Самсунг одлучи да не го чека саемот “CES” (Consumer Electronics Show) во јануари и веќе ги претстави трите нови лаптопи со подобрени батерии.

Првиот е Notebook 9 Pen кој што воедно е и најинтересен од сите. Станува збор за 2 во 1 уред со 13,3-инчен екран кој поседува интегрирано S-Pen пенкало, баш како и Notebook 9 Pro лаптопот на Самсунг кој беше претставен во мај оваа година.

Самсунг го подобри Notebook 9 Pen кој сега ја има осмата генерација на Core i7 процесорот на Intel, потоа 16 GB RAM, 512 GB SSD меморија и резолуција на екранот од 1920х1080 пиксели, односно Full HD.

Баш како и Yoga таблет компјутерите на Леново, Notebook 9 Pen на Самсунг ќе може да се прилагодува на различни начини, за да може да се користи како таблет и да може да се постави на погодна позиција за цртање. Самсунг додаде и HDMI порт, USB-C порт и стандардниот USB порт. Тука е и MicroSD, како и Windows Hello камера за логирање со препознавање на лице.

Самсунг ги освежи и своите стандардни Notebook 9 модели со 13,3-инчен и 15-инчен екран. Тие доаѓаат со Intel Core i7 процесор, до 16 GB RAM меморија и до 1 TB SSD меморија. Моделот со 15-инчен екран ќе има и опциона Nvidia MX150 графичка карта и Full HD резолуција на екранот.

Самсунг и двата модели ги опреми со два USB 3.0 порта, HDMI порт, MicroSD слот и USB-C порт. Моделот со 15-инен екран ќе поддржува и Thunderbolt 3 и дополнителен USB 2.0 порт на поголемиот модел.

Сепак, тоа што е најважно е батеријата која ќе биде „најголемата и најмоќна“ батерија која што ја добива некој лаптоп на Самсунг. Станува збор за 75W Hexacell батерија која што ќе поддржува брзо полнење. Секако, новите лаптопи ќе бидат изложени и на CES саемот, а потоа ќе стартува и нивната продажба.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb