“Star Wars: The Last Jedi” заработи 450 милиони долари во првиот викенд на прикажување

0

“The Last Jedi”, осмиот филм во филмскиот серијал “Star Wars” заработи 450 милиони долари во првиот викенд на прикажување, пишува “CNN”.

Податокот од 220 милиони долари се однесува исклучиво на САД, а тоа значи дека “The Last Jedi” е вториот најпрофитабилен филм во историјата на САД. Рекордот сè уште го држи “Star Wars: The Force Awakens” од 2015 година.

Во САД, заработката во текот на викендот се пресметува од петок до недела.

Од друга страна, филмот во остатокот од светот заработи 450 милиони долари, но треба да се има предвид дека прикажувањето надвор од рамките на САД започна минатата среда. Интересен е фактот што филмот сè уште не започнал да се прикажува во Кина, каде премиерата е закажана за 5-ти јануари.

Филмот засега доби одлични оценки и критики. “The Last Jedi” е во режија на Рајан Џонсон, а тој го потпишува и сценариото. Улогите ги толкуваат Марк Хамил, Кери Фишер, Адам Драјвер, Дејзи Ридли, Џон Бојега, Оскар Исак, Енди Серкис и други.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb