Ужасна смрт во шума: Ги повела своите кучиња на прошетка, па била пронајдена заклана и осакатена

0

22-годишната Бетани Лин Стивенс била пронајдена мртва два дена откако последен пат била видена како оди надвор да ги шета своите питбули во шума во близина на нејзината куќа.

Како што известила полицијата, кучињата победнички стоеле над телото на својата сопственичка кога била пронајдена. Девојката била осакатена од гризење по лицето и вратот.

Нејзиното тело го пронашол нејзиниот татко Џон, кој тргнал во потрага по неа во шумата каде Бетани често ги шетала кучињата.

На полицијата и бил потребен повеќе од еден час да ги совлада кучињата. На крајот питбулите биле успиени со седативи, а најверојатно ќе бидат еутанизирани.

“Жртвата имала повреди на рацете, кои покажуваат дека се бранела. Питбулите се силни и големи кучиња кои често се одгледуваат за борба. Изгледа дека смртоносните рани и биле нанесени на вратот, откако ја собориле на земја и ја гризеле додека била онесвестена”, вели Џејмс Егњу, локален шериф од Вирџинија, каде се случила трагедијата.

На самото место се земени повеќе од 60 докази, а насекаде имало делови од нејзината облека и многу крв.

“Во 40 години полициска кариера не сум видел нешто толку страшно”, додал Егњу.

Сподели.


Коментарите се затворени.