Баба ја накитила својата елка со чудни украси, а потоа останала шокирана кога дознала за што всушност станува збор

0

Алекс Бермингем одлучила да ѝ помогне на својата баба во украсувањето на божиќната елка, но наместо тоа оваа 21-годишна девојка добила објава која го насмеала целиот интернет.

Имено, Алекс малку подобро ги погледнала украсите кои ги купила нејзината баба, а кога сфатила за што станува збор, не можела да се воздржи.

Имено, во виолетовите светкави украси се наоѓале виолетови танга гаќички. Алекс “фрлила око” на елката и сфатила дека всушност целата е украсена со секси гаќички.

Оваа девојка од Ирска ги објавила фотографиите на Твитер, каде објавата набрзо станала хит со над 75 илјади лајкови.

“Мојата 74-годишна баба купила божиќни лампиони, но при декорирањето на елката всушност сфатив дека се светкави танга гаќички со боја на лаванда. Ви посакувам на сите перверзен Божиќ”, напишала Берминген во објавата.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb