Затвор полош и од Алкатраз: Најозлогласените затвореници тука живеат во самици од 6 квадратни метри, а контакт со луѓе имаат една минута дневно

0

Во Кањон Сити, центарот на Округот Фримонт во американската сојузна држава Колорадо, се наоѓаат дури 13 затвори со вкупно 7.600 затвореници, па поради тоа овој крај е познат и како “Prison Valley”, односно Долина на затворите. Убедливо најозлогласена устанува е “ADX Florence”

Од најдобро обезбедениот затвор во САД уште никој не успеал да побегне, па поради тоа е познат како “Алкатраз на Карпестите планини”. Тука затворениците се извршители на најтешки злосторства, кои, според зборовите на Норман Карлос, поранешниот директор на Управата за затвори – “BOP” “немаат никакво почитување кон човечкиот живот”.

Меѓу нив се Закаријас Мусауи, еден од соучесниците во организацијата на нападот на 11-ти септември 2001-та година, Тери Николс, учесник во бомбашкиот напад во Оклахома Сити, “Унибомбер” Тед Качински, кој со писмо бомба усмртил три лица, и Џохар Царнаев, кој во 2013-тата година заедно со убиениот брат Тамерлан, извршил напад на Бостонскиот маратон.

Затворскиот комплекс делумно е под земја и окружен е со многу големи ѕидови, така што затворениците не можат да гледаат подалеку од нив. Поради тоа се целосно дезориентирани, што било и целта, за да се спречи можен обид за бегство. Откако е Флоренс отворен, уште никој не успеал да побегне.

“ADX Florence” е изграден по убиството на чувари во затворот за најтешки злосторства Мерион, во Илиноис, во 1983-тата година. Тогаш двајца затвореници во два одвоени инциденти убиле двајца чувари. Владата на располагање ставила 60 милиони долари за изградба на супер затвор, а округот Фримонт лобирал за собирање на дополнителни средства, по што жителите купиле 240 хектари земја и ги подариле на Министерството за правда.

Условите во затворот се многу тешки. Затворениците минуваат 23 часа во самица со димензии 2×3.60 метри. Прозорот со димензии 120×10 сантиметри овозможува само поглед во небото, па затворениците не знаат ни во кој дел од затворот се наоѓаат. Секоја ќелија има бетонски кревет, полица и масичка.

Тушот има автоматизиран тајмер, издавањето храна се одвива низ мала дупка на двојно обезбедените челични врати. Затворениците доаѓаат во допир со други луѓе помалку од една минута дневно.

Поединци имаат и телевизор, но се емитуваат само канали со верска содржина, совети за воспитување и терапија против агресија. Робијашите можат да вежбаат во ќелијата, а пет часа неделно во теретана, исклучиво поединечно, секако, со надзор. Во теретаната нема тегови, бидејќи би можеле да послужат како оружје.

Еден час дневно затворениците излегуваат надвор на свеж воздух, заедно со тројца припадници на обезбедувањето. Рацете и нозете им се врзани со ланец околу половината. Во дворот ги затвораат во кафези. Просторот е бетониран и окружен со висок ѕид, а горе има решетки, за се спречи евентуална акција за ослободување со хеликоптер.

Капацитетот на затворот е 500 луѓе.

Сподели.


Коментарите се затворени.