Станала модна икона на 64 години и докажува дека модата е безвременска уметност

0

Таа била професорка на Универзитет, а потоа станала една од највлијателните модни блогерки на Инстаграм. Лин Слејтер на 64 години преку ноќ започнала нова кариера и освоила повеќе од 300.000 следбеници.

Сè започнало кога за време на модната недела во Њујорк, отишла на кафе со нејзината пријателка, а по само неколку минути ја опкружиле новинари. Зошто? Тие мислеле дека станува збор за модна икона и блогерка, па набрзо се насобрале и луѓе околу неа.

Во тој момeнт, Лин станала “случајна икона” односно Accidental Icon. Таа се нарекла себе си така и блогот кој набрзо го започнала.
Нејзиниот стил е навистина посебен, интересен, современ, а на Инстаграм од ден на ден ја следат сè повеќе луѓе. “Доколку пријатно се чувствувате во тоа што го носите, не е важно колку години имате, бидејќи ќе знаете како да го носите и ќе изгледате сосема добро”, вели Лин.

Откако станала “случајна икона”, Лин Слејтер потпишала договор со една од најпознати светски модни агенции “Елит Лондон”, а исто така соработувала и со некои други модни брендови.

On my way to @tibi SS2018. Photo by @simonzchetrit for @manrepeller

A post shared by Accidental Icon (@iconaccidental) on

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb