“Арктикот делуваше како фрижидер, но сега вратата ја оставивме отворена од тој фрижидер”

0

Арктикот кој станува сè повеќе топол и сè побрзо се менува е “новото нормално” и не постои можност дека овој дел од светот повторно би можел да биде замрзнат како некогаш, соопштуваат научниците.

Директорот на американската истражувачка програма за Арктикот, Џереми Матис рекол дека овој регион би му направил голема услуга на планетата, бидејќи делувал како фрижидер.

“Сега вратата ја оставивме отворена од тој фрижидер”, рекол научникот на годишната конференција на американскиот геофизички сојуз, пренесува Би Би Си.

Американската Национална администрација за океани и атмосфера, на собирот во Њу Орлеанс го објавила 12 годишниот извештај и укажа на “неколку аномалии” во моделот за затоплување на Арктикот.

“Можеме да потврдиме дека Арктикот нема да останe во стабилна замрзната состојба”, вели Матис и додал дека овој регион се менува многу побрзо отколку во бил кој друг период од историјата.

Исто така, тој рекол дека луѓето тешко се прилагодуваат на овие брзи временски промеnи и поради тоа водата ги поплавува сите села во арктичката област на Северна Америка. Матис изјави дека нивото на морето расте многу брзо поради затоплувањето кое се случува на Арктикот.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb