Половина година по исчезнувањето на ќерката, мајката пронашла страшен пост, но работата дури тогаш станала вистинска мистерија

0

Кога 14-годишната Розмари Галет од Орегон исчезнала на 22. јуни 2015. година, нејзината мајка Морин мислела дека станува збор за тинејџерско бунтовништво. Не било прв пат Розмари да остане надвор цела вечер, а да не се јави дома. Меѓутоа, кога девојчето не се вратило дома неколку дена, мајката почнала да паничи.

Мајката го пријавила исчезнувањето во полиција, која претпоставила дека девојчето побегнало од дома. Меѓутоа, мајката инсистирала да ја пронајдат. Започнала истрага, но без резултати.

Како минувало времето, луѓето се јавувале со релевантни информации. Пријателите и некои членови на семејството наведувале дека ја виделе Розмари во градот, но дека бегала кога и приоѓале. Без докази, полицијата морала да претпостави дека станува збор за бегство на бунтовната тинејџерка, пишува порталот “Goodfullness”.

Шест месеци по нејзиното исчезнување, Морин влегла на Фејсбук профилот на Розмари. Таму видела фотографии од својата ќерка кои ја разгореле истрагата.

Тие фотографии биле поставени неодамна, а ги поставила лично Розмари. На нив се гледа како девојчето стои пред огледало во непозната спална соба. Тоа наизглед било обично селфи, меѓутоа, мајката под лажната насмевка видела дека нејзината ќерка изгледа исплашено.

Загрижена, Морин во главата си направила најлоши сценарија. Дали нејзината ќерка била жртва на трговија со луѓе? Мајката сметала дека Розмари е киднапирана.

Очајна, апелирала преку социјалните мрежи да и помогнат како можат.

“Розмари исчезна и се наоѓа во опасност. Претпоставувам дека паднала во рацете на трговците со деца. Откако исчезна најдов фотографии на нејзиниот профил на Фејсбук”, навела мајката апелирајќи за помош.

Други фотографии или постови од Розмари не биле пронајдени.

Пресврт во истрагата

Меѓутоа, се се променило кога сопругот на Морин, Дејвид, на 16. јануари 2016. година поставил порака на социјалните мрежи дека девојката е пронајдена.

“Сакам да им се заблагодарам на сите за молитвите и поддршката. Розмари е пронајдена по анонимна дојава”, напишал Дејвид.

Случајот се повеќе се преплетувал. Кога властите ја испрашале Розмари, таа рекла дека не ја киднапирале трговци на луѓе. Доказите ги поддржале тие тврдења. Таа побегнала, но не открила каде. Сама избрала да не се враќа.

Тоа што е уште понеобично, е дека Розмари е среќна таму каде што е сега.

Таа и нејзините браќа и сестри сега се во старателско семејство. Во текот на исчезнувањето, родителите на Розмари биле многу активни на социјалните мрежи, меѓутоа, кога била пронајдена, станале необично тивки.

Зошто? Дали се случило нешто во куќата поради што девојчето побегнало? Каде отишла? Зошто е сега во старателско семејство, а не со своите родители?

Оваа приказна има повеќе прашања отколку одговори. Случајот е помистериозен отколку што властите или семејството сакаат да признаат.

Но, најважно е дека Розмари е пронајдена жива и здрава и дека сега е на сигурно.

Сподели.


Коментарите се затворени.