Овој детаљ открил тајна на режимот на Северна Кореја: Пјонгјанг случајно покажал нешто од кое светот стравува

0

Државната телевизија на Северна Кореја емитувала прилог од конференцијата за воени вооружување, а притоа на гледачите во око им влегла една слика која се гледа на ѕидот во позадина.

На неа се гледа некогашниот лидер на таа земја, Ким Јонг Ил, како гледа во одредено оружје за масовно уништување, за кое се верува дека претставува атомска бомба.

Спорната фотографија можела да се види во позадина на снимката која досега не објавена на Запад.

Аналитичарите сметаат дека станува збор за атомска бомба, бидејќи постојат многу сличности со неодамнешните фотографии на кои Ким Јонг Ун ја контролира работата на хидрогенската бомба.

Не се знае кога точно настанала фотографијата, но се верува дека тоа било меѓу 2006. и 2009. година, кога Ким Јонг Ил ги надгледувал нуклеарните тестови.

Сепак, постои можност да не станува збор за реална опасност туку за лажна атомска бомба или макета, со цел прикажување на Северна Кореја како голема нуклеарна сила.

Потсетуваме, Пјонгјанг оваа година извел неколку тестови на балистички проектили како у уште еден нуклеарен тест, шести по ред.

Сподели.


Коментарите се затворени.