Одличен маркетинг потег: Ким Кардашијан изгледа сјајно во новата колекција на својот сопруг!

0

По таа идеја се водел Канје Вест кој одлучил да ја претстави облеката од својата нова колекција преку Ким Кардашијан, и тоа не по пат на класични фотографии или модни кампањи, туку на најдобар можен начин – преку секојдневните модни комбинации.

Секој стајлинг кој Ким го носела во последните два месеци и кој постојано го објавувала на Инстаграм не е случајно одбран и искомбиниран.

Во тоа ѝ помогнала познатата стилистка и поранешна уредничка на француското списание “Vogue” – Карин Ројтфелд, која е одговорна за изгледот на Ким во новата сезона на колекцијата “Yeezy”.

Сè уште не се знае кога ќе се појави колекцијата во продажба, но веќе е јасно дека истата ќе биде распродадена во неколку дена, ако не и часа.

Во прашање е колекција која се состои од удобни парчиња облека со акцент на спортски стил, кои и понатаму изгледа секси.

Новата “Yeezy” се карактеризира со тесни фустани, спортски панталони и топови како и палета на бои која е неутрална и со земјени тонови.

Yeezy Season 6

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on

Date night

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on

Сподели.


Коментарите се затворени.