Има само шест години, а веќе заработува милиони долари – месечно

0

На листата на “YouTube” помеѓу ѕвездите со најголема заработка се најде и едно шестогодишно момче кое е водител на популарен видео канал со приходи од 11 милиони долари.

Шестгодишниот Рајан, водител на популарниот канал “Ryan ToysReview” веќе е мултимилионер. Тој го зазема осмото место на листата на “јутјубери” со најголема заработка во 2017 година, а според податоците на “Forbes”, неговата заработка изнесува 11 милиони долари.

Каналот го отпочнале неговите родители во 2015 година. Тие се задолжени за снимање и продуцирање на емисијата на Рајан, поради која тој станал еден од најпопуларните “YouTube” ѕвезди на светот.

Сè започнало кога Рајан имал само четири години. Тој обожавал да гледа рецензии од играчки на “YouTube”, а се прославил преку видеото во кое отвора огромно јајце на “Pixar”, полно со играчки. Видеото е објавено во јули 2015 година, а денес тоа е прегледано повеќе од 800 милиони пати.

Освен играчки, Рајан започнал да снима и рецензии на слатки, а на каналот веќе има повеќе од 10 милиони следбеници.

Сподели.


Коментарите се затворени.