За неа не се пишува многу често, но и понатаму воодушевува со уникатниот моден стил

0

34 годишната глумица Лупита Нијанго од многу одамна не освои со нејзиниот талент, но исто така и со интересните модни комбинации со кои секогаш отскокнувала од другите. Сè започна во 2013 година кога целиот свет слушна за неа откако се појави во филмот “12 години ропство”.

Истата година се појави на премиерата на филмот со стајлинг со кој го воодушеви модниот свет. Кенијско-американската глумица е посебно обожавател на фустани кои привлекуваат големо внимание, а повеќе од јасно е дека во Холивуд не е лесно да се биде поразличен, бидејќи конкуренцијата е голема.

Но, на симпатичната и шармантната Лупито ѝ тргна од рака повеќе пати. Овој пат воодушеви и на премиерата на “Star Wras: The Last Jedi”, каде со фустанот кој го носела ги поместила модните граници.

Таа се појави во светкав зелен фустан на едно рамо и висок шлиц за кој е заслужен брендот Халперн. Модните критичари велат дека овој бренд произведува “многу кичеста” облека, но Лупита одлично изгледаше во тој фустан и секако не помина незабележано.

Сподели.


Коментарите се затворени.