Анџелина Џоли не може да ја преболи својата мајка: “Поради неа започнав со актерство, само за да ѝ помогнам да ги плати сметките”

0

Иако за својот допринес во актерскиот свет е наградена со Оскар, а покрај тоа се појавила и во бројни други ценети филмски остварувања, Анџелина Џоли денес тврди дека со оваа работа започнала да се занимава токму поради мајка ѝ – Маршелин Бертранд.

Имено, во интервју за “The Hollywood Reporter” таа изјавила дека всушност никогаш не се чувствувала пријатно пред камерите:

“Не беше во мојата природа да станам актерка, иако денес ми е мило што сум една од нив. Но, кога мојата мајка почина, сфатив колку всушност го правев тоа поради неа бидејќи оваа работа повеќе не е иста од моментот кога таа замина.

Кога започнав да глумам, за мене тоа беше една обична работа со која заработував и ѝ помагав на својата мајка со финансиите. Тоа беше креативна работа преку која можете да научите разни вештини, да запознаете многу луѓе, но и да се запознаете себеси. Преубава е работата со која растете и сфаќате кои сте”, изјавила актерката.

Таа исто така додала и дека тешко се соочувала со славата којашто ѝ ја донела токму актерската кариера.

“Бев млада, ни сама не знаев која сум, а збунувачки е кога ви ставаат микрофон пред нос на свои 17, 18 години и ве прашуваат за мислење кое сè уште го немате”, се присетила Анџелина.

Во еден момент, Џоли признала дека воопшто не била задоволна со својата кариера.

“Се чувствував патетично и потполно несреќно”, изјавила таа.

Со таа цел, таа се свртела кон градење на режисерска кариера, а последниот филм кој е во нејзина режија е “First They Killed My Father”.

Сподели.


Коментарите се затворени.