Вечна класика: Модел на чизми кој ги победува сите модни трендови

0

Доколку мислевте дека оваа зима се најпопуларни т.н. “чорапи-чизми”, не сте единствени.

Но, се чини дека овој нов тренд сепак не успеа да го симне вечниот класик од тронот. Имено, според бројот на пребарувања на Pinterest, моментално се најпопуларни класичните црни чизми до глужд со еластичен дел од страна, познати и како “Челзи” чизми.

Ваквите модели можат да се најдат во речиси секоја популарна продавница бидејќи никогаш не излегуваат од мода, а освен тоа тие лесно се комбинираат и подеднакво добро одговараат и во дневни и во вечерни комбинации.

Погледнете зошто токму овој модел на чизми е толку популарен.

Сподели.


Коментарите се затворени.