Леброн Џејмс се почести со нова луксузна вила во Лос Анџелес

0

Американската НБА ѕвезда Леброн Џејмс се почести себеси и својата сопруга со нова вила во вредност од 23 милиони долари.

Новата вила на Леброн која се наоѓа во Лос Анџелес има осум спални соби, единаесет купатила, две огромни кујни, трпезарија, дневна соба и салон, како и теретана, бар, огромен двор со базен и уште една отворена теретана.

Во вилата се сместени и мини кино, маса за билијард и соба за пушачи со систем за филтрирање на воздухот. Освен тоа, вилата содржи и спа, галерија на автомобили и вински подрум со оглед на тоа што кошаркарот е голем љубител на вино.

Само за потсетување, ѕвездата на Кливленд Кавалирс поседува и имот од приближно три илјади квадратни метри во своето родно место – Охајо.

Куќата на Леброн во Лос Анџелес неодамна беше мета на расисти кои пробале да провалат во неговата куќа. Тие на оградата му оставиле порака преку која го навредуваат неговото семејство.

Кошаркарот вели дека да сте црнец во Америка е многу тешко без оглед на тоа колку пари имате.

Сподели.


Коментарите се затворени.