Креативен изум: Јапонците пронашле начин како да ги “избркаат” своите вработени

0

Јапонците се познати по тоа што неуморно работат, но јапонските работодавци пронашле спектакуларен начин како да ги “избркаат” своите работници по работното време.

Имено, поединечни јапонски компании измислиле одличен изум – дрон кој пее. Планот е дронот да лебди околу главата на работниците кои прекувремено остануваат на работа.

„Не можеш да работиш кога знаеш дека дронот ќе се појави во секој момент и кога ќе слушнеш песна и зуење“, вели Норихиро Като, директор на една од компаниите.

„T-Frend“, како што го нарекле овој дрон, може автономно да се движи според однапред програмиран лет низ канцелариите, користејќи ги своите сензори за навигација околу ѕидовите и другите препреки. Дронот останува на одредена висина со цел да ги избегне канцелариските документи и останатите предмети.

Се очекува „T-Frend“ да биде отпочнат во април, со цена од околу 500 илјади јени (околу 4.400 долари) месечно.

Јапонската интензивна прекумерна култура датира од поствоениот период кога премиерот Шигер Јошида побарал од корпорациите да им даваат доживотна сигурност на своите вработени во замена за лојалност и посветеност. Иако ова значајно ја поттикнало јапонската економија, тоа создало стресно па дури смртоносно опкружување.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb