Улично куче нападнало мајка и дете во Скопје

0

Скопјанец во текот на вчерашниот ден пријавил во полиција дека неговата сопруга и нивниот шестгодишен син биле нападнати од куче скитник.

Како што информираат од МВР, во 15 часот и 10 минути Р.А. (43) пријавил дека околу 14:30 часот на улицата „Перо Наков“ неговата сопруга З.Р.(36) и нивниот малолетен син биле нападнати од улично куче при што детето било каснато во пределот на левата рака и му биле нанесени видливи повреди, а З.Р. се здобила со повреди на левата нога.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош им била укажана помош, а потоа биле препратени на Инфективна клиника во Клиничкиот Центар Мајка Тереза.

Од страна на Полициската станица Гази Баба била известена шинтерската служба на Град Скопје кои излегле на местото на настанот при што кучето било фатено и однесено во Центарот за заштита на кучиња-скитници „Вардариште“.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb