Роналдо: Јас сум најдобар во историјата на фудбалот

0

Ѕвездата на Реал Мадрид Кристијано Роналдо, после пет добиени Златни топки, пред себе си постави цел дека до крајот на кариерата ќе освои уште две такви награди.

Роналдо се изедначи со фудбалерот на Барселона Лионел Меси и сега го делат рекордот со пет Златни топки кои традиционално ги доделува францускиот магазин „France Football“.

„Сакам да освојам седум Златни топки. Сакам да имам и исто толку деца“, со насмевка порача Роналдо на свеченоста во Париз.

Португалецот победи пред второпласираниот Меси, трет беше Нејмар да Силва од ПСЖ, а во Топ 5 завршија голманот на Јувентус Буфон и соиграчот на Роналдо соиграч на Лука Модриќ.

Поргулецот Кристијано Роналдо се смета себеси и за најдобар играч во историјата на планетарно најпопуларниот спорт.

„Јас сум најдобриот играч во историјата на фудбалот. Не гледам дека некој е подобар од мене, никој ги нема постигнато работите кои јас ги направив и  го направив она што другите не го можеа“, изјави Роналдо за France Football.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb