Google ќе ангажира илјадници вработени за надзор на содржините на YouTube

0

Од Google соопштија дека над 10 илјади вработени ќе бидат ангажирани за надзор на своите платформи, односно акцент е посебно ставен на видео содржините на YouTube.

На сметка на YouTube во последно време пристигнуваат бројни критики поради неадекватната заштита за деца и овозможувањето на поставување на видео содржини со екстремистички и терористички содржини.

Извршната директорка на YouTube, Сузан Војчички во соопштението откри дека биле прегледани околу 2 милиони видео снимки и од јуни до денес биле отстранети над 150 илјади спорни содржини.

Сепак, YouTube се соочува со бројни компликации, затоа што оваа платформа на Google во август беше обвинета за бришење на докази за потенцијални воени злосторства во Сирија, со тоа што биле отстранети контроверзни видеа. Истовремено, многу компании прекинаа да се рекламираат на YouTube затоа што се плашат нивните реклами да не се појават на спорните видеа.

„Шефицата“ на YouTube истакна дека сервисот е замислен како отворена платформа за развивање на креативност, учење и пристап до информации, но активистите го искористиле за залагање за општествени промени, организирање на протести и документирање на воени злосторства.

Иако Google користи алгоритми за автоматско блокирање на видеозаписите кои што ги прекршуваат правилата, сепак последната одлука за отстранување на видеата ја носат луѓето.

Според извештаие, 98% од видеата кои што се отстрануваат поради насилство и екстремизам, се означени во наведените алгоритми, а 70% од нив биле отстранети во рок од само осум часа после објавувањето.

Сподели.


Коментарите се затворени.