Таа е најмладата кралица на светот, има само 27 години и е вистинска инспирација за сите!

0

Младата Џетсун ги воодушеви жителите на оваа мала држава со својата убавина и скромност. Кралицата Елизабета Втора има 91 година и се наоѓа на британскиот трон од 1952 година, што ја прави кралицата со најдолгиот стаж на светот-цели 65 години. За разлика од неа, моменталната кралица на Бутан, Џестун Пема има 27 години.

Џетсун дошла на власт во 2011 година кога се омажила за кралот на Бутан, Џигме Хамгиел Вангчак чиј надимак е “Кралот на змејовите”.

“Чекав долго време за да се оженам. Но, не е важно кога ќе стапиш во брак туку со кого ќе го направиш тоа. Јас сум сигурен дека се оженив со вистинската личност”, рекол кралот.

Во 2016 година тие станале родители, Џетсун родила машко бебе. Кралицата ги воодушевува жителите на оваа мала држава со нејзината убавина, но и со скромноста. Таа и својот сопруг живеат во скромна куќа, а после кралската свадба не отишле на меден месец туку времето го поминала во Бутан запознавајќи се повеќе со граѓаните и знаменитостите.

Таа завршила факултет за меѓународни односи и психологија во Велика Британија. Се верила за кралот кога имала само 21 година и со тоа предизвикала бројни полемики поради тоа што младиот пар го прекршил протоколот и традицијата за договорен брак.

10 August 2016, Bumthang: His Majesty The King and Her Majesty The Gyaltsuen presented His Royal Highness The Gyalsey to the people of Chumey today. Upon arriving at the ancient maternal home of Her Majesty The Gyaltsuen, His Royal Highness was received in a traditionl ceremony in honour of HRH's first visit. The community, represented by local leaders, students, religious bodies, and the people, gathered in thousands to offer tshogchang, and celebrate the joy-filled occasion. His Majesty granted tokha to the people. #HisMajesty #KingJigmeKhesar #HerMajesty #QueenJetsunPema #HRH #GyalseyJigmeNamgyel #Wangchuck #Gyalsey #Prince #Chumey #Bumthang #Bhutan #Royalvisit #blessed #tradition #ceremony #celebration #joy

A post shared by Her Majesty Queen Jetsun Pema (@her_majesty_queen_of_bhutan) on

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb