Речиси 200 заразени на крузер кој плови за Австралија: Членовите на екипажот во заштитни одела ги вакцинираат патниците

0

Речиси 200 патници на еден од најголемите светски патнички бродови се заразени, поради што патат од дијареја, повраќање и болки и грчеви во стомакот.

Бродот “Овации на морето”, на кој се наоѓаат повеќе од 5.800 патници, по две недели пловење пристигнал во Тасманија. Сцените кои можеле да се видат изненадиле многумина, пишува Daily Mail.

Членовите на екипажот облечени во заштитни одела со маски преку лицата, го обиколуваат бродот и ги вакцинираат патниците на големиот брод.

“Се наоѓам тука, околу мене има кабини со луѓе кои имаат дигестивни проблеми. Прават сè за да спречат ширење на болеста. Ги слушав вчера додека минуваа кај мојата кабина”, се слуша на снимката која се појавила на интернет.

Ваквата зараза не е невообичаена

Портпаролот на компанијата во чија сопственост е бродот, рекол дека на сите гости кои се погодени од дигестивни проблеми им се овозможени потребните лекови.

“Се надеваме дека сите наши гости ќе бидат во ред. Во меѓувреме, преземаме чекори како интензивни санитарни постапки, за да го намалиме ризикот од понатамошни проблеми”, рекол тој.

Додал дека бродот ќе биде потполно чист кога ќе дојде до следното пристаниште, односно во Сиднеј, каде треба да се качат нови патници.

“Не е невообичаено на вакви бродови да се појават такви зарази, тоа е сосема нормално”, рекол портпаролот.

Откако бродот испловил пред 14 дена, забележани биле 195 случаи на гастроентеритис.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb