Мештаните во страв бегаат од вулканот, но туристите не се многу исплашени

0

Иако индонезиските власти панично предупредуваат дека ерупцијата на вулканот Агунг може да се случи во секој момент, не се сите исплашени. За некои вулканот кој исфрла густ чад и пепел, послужил како совршена позадина за фотографија на Инстаграм.

Бидејќи единствениот аеродром на островот е затворен три дена, во малиот егзотичен рај останале заробени околу 150.000 туристи. Некои тоа време го искористиле да направат фотографија каква што повеќе веројатно нема да имаат можност да направат.

Така, Инстаграм е преплавен од селфи фотографии од туристи кои позираат пред вулканот.

На локалното население не му е баш до фотографирање, бидејќи околу 100.000 луѓе морале да ги напуштат своите домови, а некои експерти предупредиле дека нема да може ни да се вратат. Во понеделникот индонезиските власти објавиле дека ерупцијата е неизбежна и дека може да се случи во секој момент.

Вулканот последен пат еруптирал во 1963-тата година, кога настрадале повеќе од 1.000 луѓе.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb