Нов патент на Амазон: Самоуништувачки дрон!

0

Амазон и другите компании веќе тестираат услуги на достава со помош на беспилотни летала кои што би требало да ја поедностават и забрзаат доставата на храна и други производи до одредено место.

Сепак, додека тоа стане пракса, потребно е да помине доста време на тестирања и да бидат решени бројни потенцијални проблеми, од обезбедување на дронот да пристигне на точната локација, па се до ситуација во која што дронот „би откажал послушност“ и би се срушил на земја.

Пад на дрон од поголема висина би можел дури и да убие човек, па затоа дроновите кои што би летале над населените места би претставувале голема опасност.

За да го решат овој проблем, од Амазон пријавиле патент за самоуништувачки дронови – доколку дојде до дефект или до било каква друга причина поради која дронот би започнал да паѓа, тој би се расклопил на повеќе делови и би се уништил. Така, наместо целиот дрон, на земјата ќе паднат неговите мали остатоци кои што не би требало да бидат толку опасни по луѓето.

Во патентот е опишан начинот на кој што компјутерот, во случај на проблеми, најпрвин би ја пресметал траекторијата на летање, временските услови и теренот над кој што ќе се наоѓа, за потоа да започне да го расклопува дронот во воздух.

Значи, дронот нема да експлодира во воздух, туку ќе започнат да паѓаат неговите малечки делови, за на крајот на тлото да пристигне во многу делови кои што нема да бидат опасни и да повредат некого.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb