Оваа земја заслужува да се најде на вашата листа за патувања!

0

Јордан е мала земја која се наоѓа на Блискиот Исток со богата и разновидна култура. Главниот град на Јордан е Аман со население од над 4, 007, 526 лица според податоците од 2016 година. За да го извлечете максимумот од патувањето во Јордан, треба да направите груб преглед од местата кои сакате да ги посетите.

Тоа што треба да имате на ум е дека неколку денови се малку доколку сакате да ги погледнете најдобрите работи на Јордан. Потребни би ви биле неколку недели ако сакате подобро да се запознаете со оваа држава.

Претходното планирање ќе ви биде од корист доколку сакате да погледнете што повеќе работи за пократко време. Јордан е многу безбедна и одлична земја за посета, така што се препорачува патување со вашето семејство, со партнерот/ката или сам.

Вљубеник сте во историјата? Ова е совршеното патување за вас, бидејќи оваа земја е богата со историски места како Џераш и Петра и природните чуда како пустината Вади Рум и Мртвото Море.

Јордан е пристапна земја со гостопримливи луѓе, што можеби е еден од најважните фактори доколку некој странец сака да посети нова земја.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb