Мистерија која ги збуни научниците: Застрашувачки експлозии на 64 локации, НАСА нема одговор за ваквата појава

0

Мистериозните одеци се забележани на 6 различни места ширум светот, а дури ни НАСА нема објаснување за истите.

Застрашувачките звуци се забележани низ целата планета, од Блискиот Исток до Англија оваа година, како и во Австралија, а повеќето од локациите се наоѓаат на источниот брег на САД.

Последниот одек се појавил оваа недела и ги преплашил жителите на американската држава Алабама. Полицијата вели дека е известена за овој сомнителен звук кој бил опишан како “гласен одек” околу 9 часот во понеделникот.

Како што изјавила полицијата, се чини дека одекот доаѓал од северозападната страна на Локбјуи, меѓутоа тие сè уште не можат да одредат што ја предизвикало мистериозната бука.

Поединечни експерти велат дека причините можат да варираат од суперсонични летала до метеори кои експлодирале во атмосферата. На 10-ти октомври бил забележан сличен звук и во градот Каирн, а две недели подоцна се слушнал уште еден одек на полуостровот Ејр на југот на Австралија, во истовреме кога син метеор поминал на небото.

“Стануваше сè поголем и поголем, а на крајот се виде само голем блесок на небото и искри кои излегуваа од него”, изјавила жителката на Порт Линколн, Лиса Ватсон.

Ова не е првпат да се забележи ваков звук бидејќи 64 различни локации пријавиле сличен случај оваа година. Меѓу тие локации се најдоа и Мичиген, Лапонија, Сент Ив, Свонзи и Јоркшир.

Во меѓувреме жителите на Алабама го опишале последниот мистериозен настан, а еден од жителите го опишал како “неверојатно гласен звук кој ја потресол целата куќа”.

Националната служба за временски услови во Бирминген, Алабама изјавила дека звукот би можел да потекнува од соничниот звук на леталата или метеоритите.

НАСА продолжува да ги анализира новите податоци со надеж дека ќе ја одредат причината за овој мистериозен звук.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb