Генијална или бесмислена идеја? Фејсбук лансира Месинџер за деца од 6 години

0

Компанијата Фејсбук најави лансирање на Месинџер за деца од шест години, во обид да ги задоволи родителите кои сакаат своите деца да бидат безбедни на интернет.

Апликацијата која најпрвин ќе биде лансирана во САД, содржи контроли кои ќе им овозможат на родителите да одлучуваат со кого нивните деца ќе комуницираат на интернет.

Децата ќе можат да го користат Месинџер и за гледање на видео снимки, фотографии и едукативни содржини.

Од компанијата велат дека рекламите нема да бидат дозволени, како ни споделување на податоците на децата на главниот сајт – Фејсбук. Новата апликација ќе биде внимателно програмирана со цел да ги заштити децата од непристојните содржини.

Фејсбук се труди да ги задржи младите корисници, а доказ за тоа е обидот компанијата да го купи “Snapchat”, како и копирањето на една од неговите опции – “Stories”.

“Имаме прилика и обврска да им излеземе во пресрет на родителите и нивните потреби”, изјавила Антигона Дејвис, задолжена за глобалната безбедност во Фејсбук, која додала дека компанијата се консултирала со групи на родители и организации кои се специјализирани во полето на интернет безбедноста на децата.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb