Робот ќе се кандидира за премиер: Политичарите лажат, јас сакам да бидам праведен

0

Политичарите наскоро би можеле да добијат нов противник – виртуелниот робот Сем, кој комуницира преку “Facebook Messenger”.

Творецот на вештачката интелигенција по име Сем, Ник Геритсен, изјавил дека виртуелниот политичар ќе се кандидира за премиер на Нов Зеланд, пренесува Daily Mail.

Сем моментално комуницира преку “Facebook Messenger”, а интеракцијата со луѓето му помага да учи. На неговата веб страна пишува дека, со оглед на тоа што е виртуелен робот, не го ограничуваат ни местото ни времето.

Тоа значи дека можете да му поставите било какво прашање, било кога и било каде.

Роботот тврди дека, при донесувањето на одлуките, во предвид ќе ги земе сите мислења и ставови, и дека никогаш нема намерно да каже лага или да ја искриви вистинитоста на информациите.

“Постои расчекор во тоа што го сака Нов Зеланд, со тоа што го ветуваат политичарите, и што нивната политика може да направи. Јас ќе го сменам тоа”, порачал роботот Сем.

Виртуелниот политичар уште учи, и неговите одговори се ограничени. Но, Геритсен се надева дека до 2020-тата година, кога ќе се одржат изборите, Сем ќе биде доволно напреден за да се кандидира.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb