Научници креираа нов жив организам со помош на синтетичка ДНК

0

Американски научници направија голем чекор кон креирањето на вештачки живот со тоа што креираа сосем нов, жив организам кој е составен од комбинација на природна и вештачка ДНК.

Истражувањето кое го спроведоа научниците беше објавено во магазинот Nature.

Овие научници креираа жив организам кој е способен самиот да креира синтетички протеин. Со овој напредок, научниците отидоа неколку чекори понапред во трката за дизајнирање на протеин креиран во лабораторија.

Претходните напори на хемискиот биолог Флојд Ромесберг покажаа дека е можно да се прошири генетскиот код на ДНК-та на повеќе од обичните четири букви: аденин(А), цитозин (C), гванин (G), и тимин(T). Во 2014, Ромесберг и неколку негови колеги создадоа форма на Ешерихија коли бактерија која беше составена од уште две неприродни букви, X и Y.

Во последниот обид, тимот на Ромесберг докажа дека оваа делумно синтетичка форма на Е. коли може да прима инструкции од хибридниот генетски код за да прави нови протеини.

„Ова е првпат една ќелија да пренесе протеин користејќи нешто освен G, C, A или Т“, рече Ромесберг.

Иако измените на организмот беа мали, сепак, според Ромесберг, ова е огромен чекор напред за медицината. Тој работи на овој проект веќе 20 години и сака да ја искористи оваа промена за да креира нови типови на протеин кои ќе се користат за лекување од болести.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb