Тигреста ајкула уби туристка на Костарика

0

Американска туристка на Костарика била на нуркање со група туристи кога ја нападнала тигреста ајкула и ја убила.

Американката Рохина Бандари (49) се здобила со тешки повреди од гризење, а веднаш по нападот веднаш била извлечена од вода и ѝ била пружена помош, меѓутоа не успеала да се спаси.

Нејзиниот инструктор за нуркање исто така бил повреден во нападот на ајкулата. Иако има потешки повреди, не е во животна опасност и се наоѓа во стабилна состојба.

Групата нуркала од зафрлениот остров Исла дел Коко, на оддалеченост од 330 метри од брегот кога нападнала ајкулата, потврди Министерството за заштита на животната средина на Костарика.

Тигрестите ајкули може да достигнат должина до 4,5 метри и тежина од 860 килограми.

Се работи за една од најопасните ајкули на светот и забележани се многу напади врз луѓе од овој вид ајкула.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb