Оваа година била една од најтоплите, но овој декември во Европа доаѓа леден бран каков што долго не почувствувала

0

Иако 2017-та година била една од најтоплите во последно време, последниот месец изгледа дека ќе го расипе тој просек, сметаат светските метеоролози и најавуваат студен декември ширум Европа.

Како што пренесува Bloomerg, метеоролозите посебно ја истакнуваат првата половина на декември, кога ќе бидат забележани најстудените температури во последните 8 години.

За сè е виновен ледениот бран кој доаѓа од Исланд и северот на Русија, кој арктичките ветрови ќе го рашират по целиот континент, рекол Тајлер Рос, метеоролог од “Accuweather”.

“Европа можеби ќе се соочи со екстремни, опасни студови оваа зима, а декември делува најкритично. За среќа, опременоста со гас и струја е солидна на стариот континент”, вели метеорологот на “WeatherBell”, Џои Далео.

Дека студената клима веќе почнала да ги покажува забите се видело вчера во Германија, каде температурата, наместо просечните 3,8 степени за овој период од годината, изнесувала минус 1. Слично е и со Чешка, каде температурите се во минус.

Кога станува збор за најстудените земји, во првата половина на месецот најниска температура ќе има во Норвешка, но и во југозападниот дел на континентот. Потопло време се очекува пред Нова година, кога температурите ќе се вратат на декемврискиот просек.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb