Големо враќање на диносаурусите: Пронајдокот во Кина го шокирал светот!

0

На северозападот на Кина научниците вчера откриле фосили од 215 јајца на птеросаурус, меѓу кои 16 со делумни остатоци од ембриони.

Најновото откритие донело докази дека овие летачки рептили, кои живееле заедно со диносаурусите, раѓале младенчиња кои во раните фази од животот не можеле да летаат и им била потребна родителска нега, пренесува “Reuters“.

Фосили од стотина машки и женски возрасни единки од видот Химиптерус тиансханенсис, кои се хранеле со риба, биле пронајдени покрај фосили на младенчиња и јајца во автономниот регион Синџијанг Ујгру, со што тој вид, кој живеел пред 120 милиони години, можеби станал најизучениот меѓу сите птеросауруси.

“Сакаме овој регион да го наречеме “Рај на птеросаурусите””, рекол палеонтологот Шунсин Џијанг од Инстутотот за палеонтологија на ‘рбетници и палеоантропологија при Кинеската академија.

Возрасните единки на овој одамна изумрен вид имале издолжена глава, остри заби и распон на крилја поголем од три и пол метри.

Досега не било пронајдено ниту едно јајце од птеросаурус со ембриони зачувани во три димензии.

Инаку, птеросаурусите биле првите летачки ‘рбетници на Земјата, нагласува британската агенција.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb